top of page

Дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18-годишна возраст

 

 

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово во 2006 оформи дневен центар за лицата со интелектуална попреченост чија прогрма е насочена кон развивање на вештини за самостојно живеење на лицата со интелектуална попреченост, едукативни активности, работно-окупациони активности и организирање на слободното време.

Директни корисници на проектот се 21 возрасно лице со умерена и тешка интелектулна попреченост од мулти-етнички состав и нивните семејства. Имплементацијата на различни активности за подигање на јавната свест во однос на потребите, потенцијалите и способностите на лицата со интелектуална попреченост ја опфаќа општата популација од локалната заедница вклучувајќи и субјекти во заедницата (здруженија, поединци, бизнис заедница, јавни установи и служби и НВО и др.).   

Истровремено, дневниот центар ќе обезбеди поддршка за семејствата преку опфаќање на нивните членови со интелектуална попреченост за одреден период од денот, овозможувајќи им подобри услови за успешно семејно функционирање и можности за вработување на родителите, како би допринеле за зголемување на семејниот буџет. Предвидените активности во дневниот центар треба воеднода дадат резултати за поефективна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во пошироката заедница. Функционирањето на оваа сервисна служба треба да резултира со нејзино проширување како и со отварање и на други алтернативни сервисни служби во локалната заедница и во регионот. 

bottom of page