top of page

ЗА НАС

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША oд Куманово е граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства и е оформенa во 1966 година.
Да се стане родител е едно прекрасно чувство но во исто време носи и голема обврска. Да се стане родител на дете со интелектуална попреченост е огромна доживотна обврска но во исто време и изолираност од сите случувања.
Првиот шок во моментот на дознавањето за попреченоста на детето предизвикува еден одбранбен став и негирање на вистината . За жал во тој момент  на родителите никој не им ја посочува патеката по која треба да врват за да си ја олеснат својата судбината. Родителите тргнуват боси по една долга трнлива патека на која и најмалиот трн длабоко допира и остава трага во нивните души. 

МИСИЈА И ВИЗИЈА

 

Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините:Куманово, Липково и Старо Нагоричане, но и пошироко на територија на РМ . 

Мисијата на Здружението е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правaта на лицата со интелектуална попреченост и нивните семјества така што секој граѓанин на општините; Куманово, Липково и Старо Нагоричане но и пошироко на територија на РМ, коj на било каков начин е поврзан со интелектуалната попреченост, ќе биде во можност да добие соодветна поддршка и ресурси кои му се потребни.

 

ЦЕЛИ

Долгорочните цели на Здружението за обезбедување на еднаков третман на лицата со интелектулана попреченост и нивните семејства се: 
 
• Почитување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост; 
• Вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот; 
• Недискриминација на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;  
• Поттикнување на лицата со интелектуална попреченост за самостојно живеење; 
• Самостојност на лицата со интелектуална попреченост како корисници на услуги; 
• Економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства; 
• Социјална правда, социјална интеграција и инклузија. 

 

Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности: 
- Организирање на конкретни програмски активност; 
- Спроведување на заеднички проекти; 
- Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности; 
- Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;  
- Медијација; 

 

“Луѓето заедно можат да изградат мост, а реката што тече под него се вика инклузија.”

bottom of page