РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ
-
СОЦИЈАЛЕН КЛУБ ЗА ЛИЦА СО УМЕРЕНА И ТЕШКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ДО 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Општа цел на проектот:
Социјалниот клуб претставува сервисна служба и едукативен центар чија основна цел беше прифаќање и поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. Социјализацијата на лицата со интелектуална попреченост и подготовка за нивна интеграција во граѓанското општество.
Целни групи:
-
15 возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост до 18 години од мулти етнички карактер;
-
Семејствата на лицата со интелектуална попреченост;
-
Локалната заедница;
Времетраење: Февруари 2003-февруари 2004
Ефекти од реализацијата:
-
Превенција од институционализација;
-
Лицата со интелектуална попреченост се стекнаа со одредени вештини потребни за самостојно живеење во рамките на нивните можности со што во значителна мера го олеснија животот на нивните семејства и самиот проект допринесе тие да се осамостојуваат во задоволување на елементарните човекови потребиi;
-
Излегувањето од дома доринесе лицата со интелектуална попреченост да се чувствуваат позадоволни од претходно, а самото учество на припадност допринесе за нивна полесна интеграција во средината каде живеат;
-
Зголемена јавна свест кај семејставата на лицата со интелектуална попреченост вклучени во активностите на проектот за потребите од оформување на сервисна служба во местото на живеење;
-
Проектот и по неговата реализација продолжи со својата одржливост на волонтерска основа до мај 2005
-
Оформување на дневен центар за лица со интелектуална попреченост од страна на Министерството за труд и социјална политика до 18годишна возраст ;
-
Зголемена свест кај локалното население за потребите , можностите и потенцијалите за лицата со интелектуална попреченост;
2. Социјален клуб за возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост и едукација на нивните семејства
Општа цел на проектот: Социјалниот клуб претставува сервисна служба и едукативен центар чија основна цел беше прифаќање и поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. Социјализацијата на лицата со интелектуална попреченост и подготовка за нивна интеграција во граѓанското општество. Овој социјален клуб претставува преодна форма кон оформување на дневен центар за возрасни лица.
Целни групи:
-
15 возрсни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост и нивните семејства од различен мултиетнички состав
Celni grupi:
Времетраење на проектот: јануари 2005-декември 2006
Ефекти од реализацијата:
-
Лицата со интелектуална попреченост се стекнаа со одредени вештини потребни за самостојно живеење во рамките на нивните можности со што во значителна мера го олеснија животот на нивните семејства и самиот проект допринесе тие да се осамостојуваат во задоволување на елементарните човекови потребиi;
-
Социјализирана група на 15 лица со интелектуална попреченост
-
Едуцирани семејства на лицата со интелектуална попреченост,
-
Подигната јавната свест кај локалните власти и бизнис секторот за потребите од сервисни служби за поддршка на лицата со интелектуална попреченост во местото на живеење;
-
Склучување на договор со локалната самоуправа за добивање и користење на простор наменет за оформување на Дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години.
3. Реконструкција и опремување на простор наменет за Дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 годишна возраст
Општа цел: Реконструкција и адаприрање на простор спрема критериумите за работа на дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост
Времетраење на проектот: 02.09.2006- 06.12.2006
Ефекти од реализацијата:
Реконструкција и адаптација на добиениот простор од локалната самоуправа за трајно користење за потребите на Порака наша се отвори можност за отварање на сервисна служба Дневен центар во местото на живеење.
Обезбедени просторни можности и опрема за оформување на дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.
Подигната јавна свест на бизнис заедницата за потребите и можностите на оваа група на граѓани.
4. Дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18годишна возраст
Општа цел:
Дневен центар претставува сервисна служба во местото на живеење која што нуди поддршка на лицата со интелектуална попреченост за самостојно живеење преку програма со работно окупациони, практични, когнитивни, социјални и спортско-рекреативни активности. исто така дневниот сентар претставува и поддршка и едукација на семејствата на член со интелектуална попреченост.
Времетраење на проектот: јануари 2007, 2008, 2009,2010,2011,2012,2013 во тек е континуирана работа за 2014 година
Целна група:
-
21 лице со умерена и тешка интелектуална попреченост и нивните семејства од различен мултиетнички состав,
-
Локална заедница (средношколци, студенти и општа популација)
-
Локална самоуправа
Ефекти од реализација
-
Делегирање на надлежност од страна на Општина Куманово на ПОРАКА НАША за менанџирање на социјална сервисна служба и за вршрње на работа од јавен интере ,а од локално значење преку вонинституционален облик на социјална заштита (Дневен центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години.)
-
Обучени членови на ПОРАКА НАША за менанџирање со социјални сервисни служби;
-
Признание од градот Куманово за успешно раководење со оваа сервисна служба (Ноемвриска награда на град Куманово)
-
Обучен стручен кадар за работа во социјална сервисна служба
-
Подигната јавна свест на бизнис заедницата за општествена одговорност;
-
Подигната јавна свест кај на невработени стручни лица и средношколци за волонтерска работа.
5. Соработка за еднакви можности за лицата со интелектуална попреченост
На 19 мај 2011 година до 19 мај 2012 се имплементираше проектот"Соработка за Еднакви можности за лицата со интелектуална попреченост", финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Македонија. Партнери во проектот беа Здружението за лица со интелектуални потешкотии "ШАНС", од Разлог Република Бугарија и Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША, од Куманово, Република Македонија.
Главната цел на проектот беше да се олесни интеграција на лицата со интелектуална попреченост на пазарот на трудот во Бугарија и Македонија преку зголемена соработка помеѓу заинтересирани институции и организации.
Специфични цели:
- Да се зголемина знаењето и размена на искуства помеѓу организации кои работат со лица со интелектуална попреченост во Бугарија и Македонија;
- Зголемување на нивото на информираност и работните контакти помеѓу организации и институции кои работат со лица со интелектуална попреченост;
- Да се подигне јавната свест за придобивките од прекуграничната соработка на институции, организации и стручни лица, ангажирани во работата со лица со интелектуална попреченост;
- Подобрување на капацитетот на професионалци кои работат со лица со интелектуална попреченост во областа на обуки за стекнување на вештини за вработување.
- Да се подигне јавната свест на работодавците за спецификите и придобивките од вработување на лицата со интелектуална попреченост.
Целни групи: невладини организации, локални самоуправи, јавни службеници, експерти, претставници на локални , регионални власти кои донесуваат одлуки, лицата со интелектуална попреченост и нивни семејства и стручни лица кои работат директно со лицата со интелектуална попреченост (дефектолози ,педагози, психолози ,социјални работници и сл.) од Р.Македонија и Р.Бугарија.
Проектот ги Постигна следниве резултати:
* Истражени услови за воспоставување на заеднички соработка во двете земји;
* Зголемени можности за прекугранична соработка на организации и институции кои работат во интерес на лицата со интелектуална попреченост;
* Подобрен капацитет на 40 професионалци кои ги обучуваат лицата со интелектуална попреченост за стекнување на работни вештини;
* Зголемена свест на претставници на бизнисот секторот за предностите и придобивките од вработување на лица со интелектуална попреченост.
*Изготвена стратегија и акционен план 2012-2014 за вработување на лица со попреченост во двете земји.
6. Вклучување на лицата со интелектуална попреченост во заедницата
Од 01.јуни до 18.септември Овој проект го имплементираше Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманаво со финансиска поддршка од Американски Мировен Корпус и бизнис заедницата од Куманово.
Главната цел на проектот беше создавање на подобри услови за интеграција и социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница,но и проширување на програмата за стекнување на животни вештини која се реализира во дневниот центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост ПОРАКА НАША.
Активности по проектот се: адаптирање на дворното место во простор за работа на отворено.
Проширување на програма за работа на дневниот центар со активности за здрав живот, еколошка свест, безбедно движење во јавниот сообраќај, спортски и,социјални активности и активности за работно оспособување градинарство, овоштарство и цвеќарство.
Резултати:Изграден отворен работен простор од 90 м2 .
Проширена работна програма во дневниот центар
Подигната јавна свест кај бизнис секторот
7. УСАИД Проект за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост
Со поддршка од УСАИД на 15 август 2012 година Моја Кариера од Скоје,ПОРАКА НАША од Куманово и Хендикеп од Тетово започнаа со реализација на УСАИД Проект за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост.Проектот е со времетраење од 2 години.
Главната цел на проектот е : да се зголеми учеството на лицата со попреченост во општеството преку нивното вработување и економски можности со зголемување на нивнате работни вештини преку практикантска работа , обуки, и учество во кампањи за подигање на јавна свест.
Специфичните цели се:
Да се зголеми вработеноста на лицата со попреченост преку практикантска работа, обуки на ментори во компании и поддршка на претприемачи;
• Да се обучат лицата со попреченост со потребните вештини и компетенции за да започнат свој сопствен бизнис;
• Да се зголеми јавната свест за придонесот и придобивките од вработување на лицата со попреченост и важноста за еднаква застапеност на лицата со попреченост ;
• Да се создаде проект Советодавниот одбор составен од лицата со попреченост за да се обезбеди учество на лицата со попреченост во основање, дизајнот и имплементацијата на проектните активности.
Активностите се имплементираат во Скопскиот, Полошкиот и Североисточниот регион на Р.Македонија.
Очекувани резултати:
• Создаден Функционален Советодавен одбор на лицата со попреченост;
• 300 пласмани на лицата со попреченост во практиканска работа.
• 100 вработени лица со попреченост, од кои најмалку пет во јавни институции,
• Обука и поддршка на 50 лица со попреченост за започнување на сопствен бизнис;
• 100 менаџери на компании ќе бидат обучени како ментори за поддршка лица со попреченост при практикантска работа и вработување.;
• Видео упатства и промотивни материјали (брошури, плакати, летоци) подготвени и дистрибуирани до компании на локалните јазици.
8. Семинар АУТИЗАМ - показатели за препознавање и третман;
Следејќи ја состојбата на лицата со Аутизам во Р.Македонија , растечката стапка на новородени деца со Аутизам и стручниот кадар кој работи со нив ПОРАКА НАША започна со активности за реализација на Проект: Семинар АУТИЗАМ - показатели за препознавање и третман кој се оддржа на 03 и 04 ноември 2012 година;
Главната цел на проектот беше:олеснувањена работата со доедукација на стручни лица со најнови техники и методи на работа со лица со Аутизам кои се применуваат во светот,како и подобро разбирање на овој феномен и олеснување на социјална интеграција и сензибилизација на општеството за третман на оваа популација.
Целни групи: дефектолози ,педагози, психолози ,социјални работници,наставници,родители и други од пошироката јавност.
Активности по проектот:
Организирање на дводневен семинар со професионален тренер од Австрија за 100 учесници.
Резултати:Одржани два исти модула на семинар АУТИЗАМ - показатели за препознавање и третман со по 50 учесници;
Обучени 100 стручни лица од повеќе градови на Р. Македонија
Подигната јавна свест за Аутизам
Во последните 5 години Здружението ПОРАКА НАША учествува во креирање на национални и локални политики за подобрување на состојбата на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства и создаде партнерски односи со Општина Куманово.
Од 2003 до денес спроведени се неколку национални и една локална кампања за подигање на јавната свест кај локалното тнаселение за потребите можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост.