top of page

Проект: "Социјално претпријатие – Инклузија преку работа"

Проектот е поддржан од UNDP и:

Имплементатор на проектот:

Партнери:

Проектот "Социјално претпријатие – Инклузија преку работа"  е поддржан од УНДП и Агенција за млади и спорт, а го имплементира ЗРЦЛИП  Порака-Наша во партнерство со Здружение на граѓани МАТА од Скопје, општина Куманово и приватна компанија "Јуниор "ДООЕЛ Куманово. Период на времетраење на проектот е  6 месеци од  17 септември 2013 до 17 март 2014 год.

Проектот е  дизајниран е со цел да им даде можност на младите луѓе (со или без попреченост) како движечка сила за поактивно учество во развој на заедницата, а преку користење на нивниот креативен потенцијал и градење на вештини и капацитети во неколку нови области на техологијата (занает и дизајн).  

Активности во проектот

 

Активност 1: Повик за учество и селекција на кандидати 

Првата активност која беше реализирана е Повикот и селекцијата на кандидатите. Ја реазлизиравме на начин што распишавме повик во неколку електронски медиуми и дадовме изјава за локален ТВ медиум и радио. Повикот таргетираше млади луѓе, а со цел да спроведеме што е можно подобра селекција, со потенцијалните кандидати реализиравме и неколку интервјуа. Во обзир беа земени нивната мотивација и очекувања, позадина и искуство, едукација, визија и посветеност.

Резулатат од првата активност е селекција на 8 (осум) млади социјални претприемачи.

 

Активност 2: Обука за технички вештини за млади социјални претприемачи ( филц техника, конструктивен текстил и производство на еколошка хартија).

Втората активност е стартот на обуката за технички вештини за осуммте селектирани млади социјални претприемачи. Обуката во себе ја вклучува филц техниката, конструктивниот текстил и производство на еколошка хартија. Оваа активност овозможи вовед и запознавање со основните техники и начини за работа со филц, со производство на еколошка хартија и конструктивен текстил за младите социјални претприемачи - тренери. 

Активност 3: Бизнис тренинг програма за млади социјални претпримачи

Третата активност е бизнис тренинг програма за младите социјални претприемачи. Со сеопфатен сет на тренинг инструменти и методи младите социјални претприемачи го подобруваат својот бизнис менаџмент како и своите персонални компетенции, а од друга страна учат како да развијат и формираат успешно социјално претпријатие.

Активност 4: Подготвителни активности за воспоставување на социјално претпријатие за производство и услуги

Во рамки на проектот предвидено е да се истражат можните законски форми за регистрација на социјално претпријатие.  Имајќи го во предвид  фактот дека Законот за социјално претпримеништво во РМ е во подготовка , оваа активност вклучува посета на ЦИРА- работната група во чии ингеренции е дефинирање на законската рамка. Исто така планирани се посети и на Министерството за труд и социјална политика како и на други релевантни иституции на локално ниво.  

Активност 5: Организација на промотивен настан

Со цел информирање и запознавање на јавноста за проектот и можностите кои проектот ги нуди на 08 октомври во сала која ја обезбеди Општина Куманово, наш партнер во проектот се одржа првиот промотивен настан. Активноста овозможи анимирање и зголемување на можностите на младите луѓе поврзано со концептот социјално претприемништво

Активност 6: Принтање на промотивен материјал

Промотивниот материјал содржи опис и цел на проектот, предвидени активности и имлементатори на проектот. Оваа активност даде основни информации за концептот на социјалното претприемништво како и активности предвидени во самиот проект. Истиот беше поделен помеѓу учесниците на промотивниот настан, на родители на лицата со попреченост и други заинтересирани субјекти. 

Активност 7: Дизајн на веб страна

Проектот предвидува креирање на веб страна со цел информирање за проектните активности, објавување на фотографии, промовирање на дизајнираните продукти итн. Континуирано ќе биде правен update на веб страната.  

Линк од веб страната: www.zdruzenieporakanasa.org

 

Активност 8: Селекција на кандидати – лица со попреченост

Оваа активност овозможи да се направи селекција на 8 (осум) лица со интелектуална попреченост, корисници на Дневниот центар Порака Наша со цел да земат учество во претстојните обуки за технички вештини. Селекцијата на кандидадите се направи врз основа на нивните  индивидуални можности, способности и потенцијали.  

Активност 9: Обука за технички вештини за лица со попреченост (филц техника, конструктивен текстил и производство на еколошка хартија).

Со оваа обука за усвојување на технички вештини младите луѓе со попреченост ќе добијат работно искуство со што ќе можат да ги зголемат своите можности за прво работно место на пазарот на трудот. 

bottom of page